Десниот бек Трент Александар-Арнолд веќе има две финалиња во Лигата на шампионите и ќе го одигра својот натпревар број 100 за англискиот фудбалски клуб Ливерпул, но тоа не е доволно за 21-годишниот дефанзивец. Тој, исто така, цели кон капитенската лентат на тимот.

– Не ми е срам да признаам дека да бидам капитен на Ливерпул е мој сон. Без разлика дали тоа ќе стане реалност еден ден или не, не зависи од мене. Јас не бирам капетани, но ова е нешто што сакам да го направам. Капитенската лента ме држи крајно мотивиран, изјави тој за „Би-Би-Си“.

Александар-Арнолд е роден во Ливерпул и се приклучи на академијата на само 6 години. Тој изјави цврсто дека нема намера да игра за друг клуб.

– Јас сум бил дел од Ливерпул цел живот и Ливерпул отсекогаш бил мој дом. Никогаш не сум размислувал за промена. Мојот сон беше да играм за Ливерпул и сега го живеам. Нема причина да го сменам тоа, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2019 15:34