Манчестер јунајтед на 28 ноември, првпат во својата клупска историја ќе игра во далечниот Казахстан, па интересот меѓу фановите на „црвените ѓаволи“ да го бодрат тимот на дуелот со Астана во фудбалската Лига Европа, не е особено голем.

Сепак, има и такви кои планираат да отпатуваат во Казахстан, а меѓу нив ќе бидат и 150 луѓе кои се најдоа во проблем после банкротот на авио-превозникот „Томас Кук“. Клубот се погрижи да им обезбеди бесплатно патување на тие кои имаат платено авионски билети.

За Јунајтед, тоа ќе биде последно гостување во групата од ЛЕ, откако претходно имаше гостувања и кај АЗ Алкмар и Партизан. Навивачите кои ќе патуваат во Казахстан, ќе имаат и едно ноќевање, што сами ќе си го платат.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2019 22:52