Легендарниот ракометен голман, Арпад Штербик, ги негираше информациите дека ја завршува кариерата.

Штербик кој е еден од најдобрите голмани во историјата на ракометот, нема намера толку наскоро да се пензионира.

– Не знам од каде информацијата, бидејќи на никого не сум му кажал дека ќе се пензионирам, а и не можам да кажам, бидејќи уште не сум одлучил такво нешто. Ако зависеше од мене, никогаш не би отишол во пензија, но еден ден ќе мора и тоа да се случи. Ќе останам во Веспрем додека ме служи здравјето, и додека клубот има потреба од мене, истакна Штербик, кој освои многу трофеи во кариерата, а еден од тие му беше и титулата во Лигата на шампионите со Вардар.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2019 22:56