Највозрасниот менаџер во Премиер лигата, Рој Хоџсон ги започна преговорите за нов договор со сопственикот на тимот Стив Париш, пренесува „Скај спортс“.

Хоџсон го презеде кормилото на „орлите“ во септември 2017 година со двегодишен договор, а импресивните резултати неодамна дадоа нови причини за оптимизам кај раководството и навивачите на тимот. Палас се најде на шестото место по десет одиграни натпревари.

– Стив и јас разговараме цело време. Овие работи понекогаш одземаат време, но мислам дека е фер да признаеме дека преговараме. Тоа е сè што можам да кажам”, потврди Хоџсон.

Кристал Палас утре пречекува друг тим во одлична форма – Лестер,а мечотпочнува од 15:00 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2019 12:42