На 03.11.2019 (недела) со почеток во 12.00 часот ќе се одржи велосипедската трка „Скопје на точак 2019“, во организација на Сојузот на спортови на Скопје. Трасата на движење на учесниците со велосипед ќе биде од фонтаната „Лотос“ во Градски парк, право по булеварот „Илинден“, лево по ул.„Љубљанска“, лево по бул.„Партизански одреди“, лево по бул.„ВМРО“, па десно по бул.„Гоце Делчев“, десно по бул.„Крсте Петков Мисирков“, во продолжение по бул.„Кочо Рацин“, десно по ул.„Свети Кирил и Методиј“, десно по бул.„Свети Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“, до пред фонтаната „Лотос“ во Градски парк.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива велосипедската трка.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2019 12:43