Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, понекогаш има потешкотии во комуникацијата со играчите, што е причина за напнатост во тимот, пренесува „Индепендент“.
Шпанскиот стратег не зборува доволно добро англиски, затоа некои играчи имаат проблем да го разберат.
Емери веќе се соочуваше со слични проблеми кога работеше во Париз Сен Жермен.
Шпанецот е во отворен судир со капитенот на тимот Гранит Џака, кој влезе и во конфликт со навивачите на Арсенал.
Фудбалерите на лондонскиот клуб го поддржаа својот соиграч во спорот со Емери.