Фудбалската мафија го спречила Кристијано Роналдо да добие уште неколку „Златни топки“. Ова го изјави мајката на фудбалерот, Долорес Авеиро, цитирана од „АС“.

– Да не беше фудбалската мафија, мојот син ќе имаше повеќе„ Златни топки“. Ако тој беше Шпанец или Англичанец, тие немаше да постапат така. Ова е затоа што Кристијано е Португалец. Не знам дали тој ќе ја добие „Златната топка“ оваа година, но верувам во тоа, рече Авеиро.

Оваа сезона Роналдо има постигнато пет гола и една асистенција на 8 натпревари од италијанското првенство. Тој ја освои „Златната топка“ пет пати и само еден друг играч – Лионел Меси – што може да се пофали со вакво достигнување.

Минатата година наградата му беше доделена на играчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2019 14:04