Тимот на Болоња е подготвен сериозно да се приклучи на трката за потписот на Златан Ибаримовиќ. Италијанците се подготвени да платат 8 милиони евра на напаѓачот за 18-месечен договор, информира „Кориере дело Спорт“.

Според весникот, претседателот на Болоња, Џои Сапуто, се согласува да ги задоволи финансиските побарувања на 38-годишниот шведски напаѓач. Забележано е дека дел од платата ќе плаќаат спонзорите на клубот.

Договорот на Ибрахимовиќ со американскиот Лос Анџелес Галакси истекува на крајот на годината, а тој изрази желба да се врати да игра во Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2019 14:05