Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го изрази своето разочарување од денешниот пораз претрпен на гостувањето кај Борнмут (0:1) во натпревар од 11-то коло од првенството во Англија.

Според него, Манчестер јунајтед се надевал на многу повеќе поради добрата форма во последниот период.

– Поразот е фрустрирачки. Со оглед на формата во која се наоѓаше тимот, очекувавме да заземеме три бода. Ова е чекор назад за нас. Но, треба да заборавиме на тоа и да продолжиме понатаму. Не можевме да извлечеме корист од добриот почеток, а противникот имаше среќа. Гринвуд ја погоди стативата, во други ситуации, тој би реализирал таква шанса. Тој ќе биде добро. На вакви натпревари многу е важно да се постигне прв гол, а противникот успеа во тоа, изјави Солскјер.

За Јунајтед ова беше четврти пораз од почетокот на сезоната во Премиер лигата. Сега тимот од „Олд трафорд“ има 13 бода и се наоѓа некаде на средината на табелата.

Борнмут ја забележа четвртата победа и со вкупно 16 бода пред комплетирање на колото е во горната половина на табелата.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2019 16:47