Во Кичево денеска се одржува голем хуманитарен ракометен турнир организиран од Општинската организација на Црвениот крст и Клубот на млади во Кичево.

Турнирот под мотото „Со срце за Симона” се одржува во спортската сала „Јанчица”, а учествуваат осум екипи,од четри спортски клубови: „Балтепе”, „Војнисон”, „Партизан” и „Горица”, во пионерска и младинска категорија.

Собраните финансиски средства од овој спортски настан ќе бидат донирани за четригодишната Симона Хаџи Тошева од Штип која боледува од акутна нелифобластна леукемија.

„Победници денеска се сите учесници бидеќи сите се одѕваа на поканата за пожош на малата Симона“, рече Ивана Лазеска од Црвениот крст на општина Кичево.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2019 16:55