Во натпреварот од 11. коло од Италијанското фудбалско првенство, Рома денес на домашен терен го победи Наполи со 2:1.

Со новите три бода „римската волчица“ стигна до 22 и се искачи на третото место на табелата во Серија, во пресрет на другите средби од оваа рунда.

Наполи го претрпе третиот пораз сезонава по кој остана на 18 бода, доволни за во моментов седмо место.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2019 01:18