Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола го пофали својот тим за денешната победа над Саутемптон (2:1) на натпреварот во првенството во Англија.
„Граѓаните“ први примија гол, а победничкиот го постигнаа во 86. Минута.
– Ние направивме сè. Беше многу тешко да се нападне кога противникот се брани со 11. Нашата напорна работа се исплатеше. Ние реагиравме добро. Моравме да сториме сè и направивме сè. Треба сами да го диктираме темпото на натпреварите, изјави Гвардиола.
Манчестер сити е втор во Премиер лигата со шест бодови помалку зад лидерот Ливерпул.