Меѓународно поискусниот ракометен шампион на Словачка, Татран Прешов, вечерва во Ц-групата од Лигата на шампионите го совлада македонски вице-шампион Еурофарм Работник со 31:29, полувреме 15:14.
Битолските „фармацевти“ доживеаја уште еден пораз во елитното натпреварување, се чини заслужено, затоа што неуспеја да ги казнат грешките на домаќините.
Во еден момент во првото полувреме битолчани имаа водство од три гола (8:11), но брзо водството го испуштија, а во второто полувреме Еурофарм Работник водеше само во 44 минута кога резултатот беше 22:23. Во остантиот дел од натпреварот словачкиот шампион сигурно чекореше до својата втора победа во групата, и повторно против битолчани.
Во „Татран Арена“ во Прешов најефикасен во домашниот тим беше Рабек со 10 постигнати голови, додека бекот на Еурофарм Работник, Остроушко постигна 8 гола.