Ракометарите на Вардар се вратија на победите во Лигата на шампионите по двата пораза што ги претрпеа во претходните две кола. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ вардарци беа поуспешни од Мешков Брест со 36:31.

За актуелниот европски првак ова беше четврта победа по шест одиграни натпревари во Б-групата од елитното натпреварување.

Во ефикасниот меч најдобар стрелец кај домаќините беше Даинис Криштопанс со девет голови, Иван Чупиќ седум пати ја погоди противничката мрежа.

Кај белорускиот првак Ваљупов девет пати реализираше.

Со трите освоени бода, Вардар се искачи на второто место на табелата. Македонскиот шампион има вкупно осум бода, три помалку од лидерот Кил.

Мешков Брест остана на само една победа доволна за претпоследно, 7. место.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2019 23:58