ЈП Водовод и Канализација - Скопје продолжува да работи во интерес на своите корисници, граѓаните на град Скопје.

ЈП Водовод и Канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека спроведувањето на одлуката донесена од Управниот одбор за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање, започнува денес 04.11.2019 (понеделник).

Ги повикуваме сите граѓани кои имаат долг да го искористат овој период, од 04.11.2019 до 29.11.2019, за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2019 15:59