Ракометните македонски репрезентации за играчи до 18 и 16 години, на денешната ждрепка во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, ги добија своите противници.

Јуниорите на ЕХФ шампионатот од 3 до 12 јули 2020 во летонската престолнина Рига, ќе бидат дел од групата Б, во која ќе се најдат уште Белорусија, Луксембург, Бугарија и Косово.

Кадетите, тим за играчи до 16 години, на првенството од 13 до 20 август во Скопје, во првата фаза ќе играат против Полска, Естонија и Грција. Очекувањата се Полјаците да ни бидат најголем ривал во групата, и во битка за место на младинското ЕП во 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2019 21:13