Премиерлигашот Тотенхем поднесе жалба за отстранување на напаѓачот Сон Хунг Мин во натпреварот од 11. коло од шампионатот на Англија против Евертон (1:1), пренесува „Гардијан“.

Во 79-та минута од средбата, Сон стартуваше врз играчот од средниот ред на Саутемптон, Андре Гомеш, кој налета на друг фудбалер на Тотенхем и при тоа доби фрактура на стапалото.

Првично, судијата Мартин Аткинсон извади жолт картон од џебот, но сериозноста на повредата и ВАР го натераа да се премисли и да му додели црвен картон на Кореецот.

Доколку Англиската фудбалска асоцијација не ја прифати жалбата и го регистрира црвениот картон, тоа автоматски ќе значи дисквалификација на Сон за натпреварите во Премиерлигата против Шефилд Јунајтед, Вест Хем и Бурнемут.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2019 11:07