Повикувајќи се на информации од неколку фудбалери, во шпански медиум се појавија шпекулации дека играчите на Реал Мадрид не се задоволни од односот на Хамес Родригез и Герет Бејл.

-Двајца играчи на „Реал“ не наоѓаат заеднички јазик со соиграчите. Зборуваме за играчите од средниот ред Хамес Родригез и Герет Бејл, пренесува „Либертад дигитал“.

Играчите на мадридскиот клуб веруваат дека овие двајца ги кршат клупските правила и не покажуваат почит кон тимот.

Според шпанските медиуми, Реал Мадрид веќе решил да се раздели со Бејл. Самиот Велшанец е исто така подготвен да го напушти тимот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2019 13:06