Русија е длабоко загрижена поради извештаите за одложувања во повлекувањето на трупите во источна Украина, но се надева дека процесот ќе биде завршен, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Украинските воени и проруски сили започнаа постепено повлекување на трупите во источниот украински град Золота минатата недела, како дел од серијата мерки за ставање крај на конфликтот во кој загинаа повеќе од 13.000 луѓе.

Обраќајќи се на новинарите по пат на конференциски повик, Песков рече дека Москва би сакала четвоространиот меѓународен самит за источна Украина да се одржи наскоро, но не пред да се спроведат неопходните подготовки.

Тој рече дека ситуацијата во врска со повлекувањето на силите на подрачјето на Петровскоја во Донбас загрижува, но дека Русија се надева оти процесот наскоро ќе заврши.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2019 16:26