Цените на угостителските услуги во октомври годинава беа на исто ниво како и во септември, објави Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во октомври 2019 година, во однос на истиот месец претходната година, остана на исто ниво.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,1 отсто, додека во однос на декември 2018 година остана на исто ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2019 16:33