Барселона не ја оправда фаворитската улога во дуелот со Славија Прага, и одигра само 0:0 на свој терен во мечот од четвртото коло во Лигата на шампионите во фудбал.

Каталонците се обидуваа да го скршат отпорот на гостите, но Славија се покажа како жилав противник. Резултатот е изненадувачки и поради фактот што Барс за првпат после февруари 2018, не даде гол на натпревар на свој терен.

Во вториот меч од 19 часот, Лајпциг победи во Санкт Петербург против Зенит со 2:0. Останатите средби од денешната програма се играат од 21 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2019 00:04