Без струја ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја од 08:00 до 16:00 часот, ќе останат корисниците од селото Нова Бразница. Од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата „Виа Игнација“, дел од улицата „Ѓуро Салај“ и дел од улицата „Мице Козар“.
Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата „Христофер Жефаровиќ“ и дел од улицата „Томас Минцер“. Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата „Лазар Димитров“, и дел од улицата „Ефтим Спростанов“.
Прекинот со струја е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Од РЦУК информираат дека поради отстранување појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф – 500мм на ул. Перо Наков, од 09:00 часот без вода ќе останат објектите на фирмите Металски Завод – Тито, Тинекс маркетот, Електометал, Форма Нова, Бриколаж, Мерцедес, Фон универзитет и останатите во околината.
Поради менување на затворач на водоводна мрежа со пречник од ф 200мм на булеварот „Асном“ од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, намален притисок на водата ќе имаат корисниците од објектите во околината на крстосницата помеѓу булеварот „Асном“ и булеварот „Србија“.