Финалето на Купот Либертадорес помеѓу Фламенго и Ривер Плејт е префрлено од главниот град на Чиле, Сантијаго, во перуанската престолнина Лима, информира прес-службата на КОНМЕБОЛ.

Датумот на финалниот натпревар останува ист – 23 ноември.

Оваа одлука е донесена како мерка на безбедност, бидејќи во Чиле се одржуваат големи протести веќе неколку недели. Немирите започнаа на 14 октомври откако властите ги зголемија трошоците за патување со метрото.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2019 15:25