„Европа по падот на Берлинскиот Ѕид" е темата на која холадскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп денеска одржа предавање пред студентите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС).

Настанот беше посетен од голем број студенти на Универзитетот, кои изразија голем интерес за темата и нејзините импликации во современиот контекст, информираат од Универзитетот.

Дирк Јан Коп од август 2019 година, е амбасадор на Холандија во Северна Македонија.

Предавањето на холандскиот амбасадор е прво од серијата предавања што се организира во рамките на концептот MEET THE AMBASSADOR на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2019 19:30