Вејн Руни ја одржа својата прва тренинг сесија со Дерби Каунти, пред официјално да започне да игра за тимот од 1 јануари 2020 година.

Тој ќе биде тренер-играч на „овните“ и ќе му помога на Филип Коку откако потпиша на 18 месеци.

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија покажа импресивна форма кога се појави во клупската база и се очекува да биде во оптимална состојба кога ќе има право на игра.

Руни одигра 52 натпревари и постигна 25 голови за Ди Си Јунајтед, но потоа реши да се врати на Островот. Тој ќе биде најплатен фудбалер во Чемпионшип лигата, со 100.000 фунти неделно.

Дерби дефинитивно ќе има потреба од ветеранот, откако има слаба сезона досега, рангирајќи се само 15-ти во втората лига, но сепак е на само 4 поени од плеј-офот и 7 од директна промоција, а битката до крајот ќе биде многу неизвесна.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 01:15