Поранешниот тренер на италијанскиот шампион Јувентус – Макс Алегри, одби да го преземе Баерн Минхен.
На „Алијанц Арена“ бараат нов ментор по разделбата со Нико Ковач, но досега задачата се покажа како доста тешка. По Ерик Тен Хаг (Ајакс), Томас Тухел (ПСЖ) и спортскиот директор на Лајпциг, Ралф Рангник, баварците беа откачени и од тактичарот од Ливорно. Причината за ова е што Алегри се надева дека ќе го заземе местото на Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед, тврди „Лондон ивнинг стандард“.
Па така фаворит за нови тренер на Баерн останува Арсен Венгер. Доколку се случи назначувањето, договорот на Французинот ќе биде до крајот на сезоната. Самиот Венгер веќе отворено изјави дека е заинтересиран да ги преземе Баварците.
– Секако. Тренерството ми беше цел живот. Има работи што ми недостасуваат. Се работи за натпреварите, подготовките за нив, емоциите, особено после победите, рече Французинот.