Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, по минималната победа (1:0) над Бриж во 4. коло од Лигата на шампионите, истакна дека е извојувана на тежок начин. Тој додаде и дека парижаните направиле доста грешки.

– Во Лигата на шампионите, понекогаш мора да се мачите. Бриж не загуби околу 25 меча, а потоа двапати загуби од нас. Против таков тим, сè не може да помине без некои маки. Во првите 15 минути премногу често грешевме, изјави Тухел.

ПСЖ со новите три бода го обезбеди учеството во плеј-офот од елитното натпреварување. Парижаните се први на табелата во А-групата со 12 бода, пет повеќе од Реал Мадрид. Бриж е трет со два бода, Галатасарај е последен со само еден бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 10:54