Македонската економија годинава ќе порасне за 3,5 отсто, а наредната за 3,8 проценти, се најновите проекции на Народната банка што денеска ги соопшти гувернерката Анита Ангеловска Бежоска.

Двигатели на растот, според анализата на Нардоната банка, ќе бидат извозот, инвестициите и личната потрошувачка.

Со свои проекции за економијата на земјава денеска излезе и ЕБОР, според која, растот на БДП и годинава и во наредната 2020-та ќе биде 3,2 отсто, што е зголемување од 0,2 проценти од претходно очекуваните три проценти.

Економски раст од 3,2 отсто за 2019 година предвиде и ММФ, кој, пак, за 2020 проектира зголемување од 3,4 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 14:31