Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација Игор Кизов, во пресрет на утрешниот натпревар против соодветната австриска селекција, рече дека гостинките се фаворити за освојување на бодовите.
– Веќе неколку денови се подготвуваме во Скопје за претстојниот натпревар против Австрија. Нашата репрезентација е ослабена за овој дуел, бидејќи не можеме да сметаме на капитенот Наташа Андонова поради повреда, а од истата причина ја немаме ниту Романа Трајковска. Австријките се силна репрезентација, фаворити за победа на утрешниот дуел, но сепак се надевам дека ќе се бориме во текот на сите 90 минути и ќе биде убав фудбалски натпревар.
Средбата ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 18 часот.