Менторот на Евертон, Марко Силва изјави дека Андре Гомеш ќе може да се врати во игра уште оваа сезона.

Португалскиот репрезентативец претрпе тешка фрактура на десниот глужд како резултат на влегувањето на Хјун Мин Сон и секундарниот контакт со Серж Ори при ремито 1-1 помеѓу Евертон и Тотенхем во неделата. Пред два дена тој беше опериран успешно.

– Не е лесно да се даде сигурен датум за неговото враќање. Сите информации што ги добивам се од медицинскиот тим и тие мислат дека Андре ќе може да игра оваа сезона, вели Силва.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2019 00:07