Менторот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го постави Карим Бензема заедно до Кристијано Роналдо во клупската историја на „белите“. Францускиот напаѓач двапати се запиша во синоќешниот успех против Галатасарај и веќе има 50 погодоци за „белиот балет“ во Лигата на шампионите.

– Бројките зборуваат сами. Оние кои сакаат фудбал знаат дека тој е квалитетен играч. Тој е важен за тимот, за нападот … тој одлично се справува. Единствено што се смени по заминувањето на Кристијано беше дека Бензема стана позрел. Тој е татко, а и многу работи што се случија, влијаат и на теренот. Среќен сум за Карим. Точно е дека тој е пред легенда како Алфредо ди Стефано со овој гол. Тој веќе е како Кристијано Роналдо во историјата на овој клуб. Тој прави нешто неверојатно и ние треба да уживаме во тое, изјави менторот.

Тој не штедеше пофални зборови и за Родриго, кој постигна „хет-трик“ во средата.

– Тој има 18 години и секој пат, кога има можност да игра, извлекува најмногу. Тој работи напорно и се справува добро. Сепак, сигурно треба да останеме мирен и да не го оптоваруваме премногу, вели Зидан



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2019 01:17