По разрешувањето на Нико Ковач во Баерн, германскиот гигант сè уште бара тренер, а „Билд“ денес објави дека Арсен Венгер се понудил себеси на Баварците, но клупските шефови му рекле дека не е на потесниот список на кандидати.

Но, „Билд“ открива и дека Италијанецот Масимилијано Алегри е главниот избор за наследник на Нико Ковач. Алегри нема клуб оваа сезона, а претходно го водеше Јувентус од 2014 година. Со него има освоено шест последователни првенства во Италија и четири купови.

Додаваат дека Баерн ќе именува нов тренер за време на следната пауза за натпревари за репрезентациите.

Менаџерот на Ајакс, Ерик тен Хаг и на Тотенхем, Маурисио Почетино, исто така се сериозни претенденти за клупата на Баерн.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2019 01:29