Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е подготвен да ги продаде Дрис Мертенс и Хозе Кајехон во зимскиот преоден рок, пренесува „Калчомеркато“.

Според него, тие негативно влијаат на атмосферата во тимот.

Оваа сезона, 32-годишниот Мертенс има 7 голови и 2 асистенции на 14 натпревари. 32-годишниот Кајехон постигна гол и направи шест асистенции на 15 натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2019 01:43