Манчестер Јунајтед се квалификува за елиминациите во Лигата на Европа по втората победа над Партизан, овој пат со солидна победа од 3:0 на домашен терен.
Избраниците на Оле Гунар Солскјер одиграа силно и можеа да постигнат двојно повеќе голови, но пропуштија многу чисти шанси.
Сепак, тие го постигнаа очекуваниот триумф и сега имаат 10 бода во групата „Л“ и не можат да бидат сменти од едно од првите 2 места во преостанатите две кола.
Резултати од Лига Европа, 4. коло:
Група „А“:
АПОЕЛ Никозија – Карабак 2:1 Дуделанж – Севиља 2:5
Група „Б“: ФК Копенхаген – Динамо Киев 1:1 Лугано – Малме 0:0
Група „Ц“: Базел – Хетафе 2:1 Краснодар – Трабзонспор 3:1
Група „Д“: ЛАСК – ПСВ Ајндховен 4:1 Розенборг – Спортинг Лисабон 0:2
Група „Е“: ЦФР Клуж – Рен 1:0 Лацио – Селтик 1:2
Група „Ф“: Стандард – Ајнтрахт Франкфурт 2:1 Виторија Гимараеш – Арсенал 1:1
Група „Г“: Феенорд – Јанг Бојс 1:1 Ренџерс – Порто 2:0
Група „Х“: Еспањол – Лудогорец 6:0 Ференцварош – ЦСКА Москва 0:0
Група „И“: Олександрија – Сент Етјен 2:2 Волфсбург – Гент 1:3
Група „Ј“: Борусија Менхенгладбах – Рома 2:1 Волфсбергер – Истанбул Башакшехир 0:3
Група „К“: Брага – Бешикташ 3:1 Вулверхемптон – Слован Братислава 1:0
Група „Л“: Астана – АЗ Алкмар 0:5 Манчестер Јуанјтед – Партизан 3:0