Пари Сен Жермен е заинтересиран да го обнови договорот на Килијан Мбапе, но во оваа фаза ја нема оваа можност, пренесува „Екип“.

Напаѓачот постојано се шпекулира дека е на продажба – главно во насока Реал Мадрид. Деновиве, спортскиот директор Леонардо остро реагира на најновите информации, уверувајќи дека клубот не сака да се раздели со него.

Според францускиот весник, сепак, Парижаните сè уште не можат да понудат значително зголемување на платата на Мбапе, сошто ќе се нареди рамо до рамо со Нејмар.

Поради оваа причина, во моментов нема индикации за склучување нов договор.

Светскиот шампион со Франција од Русија 2018 е врзан за ПСЖ до летото 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2019 18:04