Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, беше избран за тренер во Премиер лигата во октомври, откако неговиот тим оствари три победи во тој период – над Саутемптон, Њукасл и Барнли. Ова е прва ваква награда на поранешниот играч на Челзи во неговата тренерска кариера.

– Освојувањето на ваква индивидуална награда е совршен момент да го цениме персоналот кој работи толку напорно за време на претсезоната, како и на играчите кои настапуваат многу добро. Среќен сум за сите нив, рече Лампард.

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди ја освои наградата „Играч на месецот“ во октомври, откако постигна четири гола на три настапи во Премиер лигата.

За него, ова е четврта ваква награда.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2019 18:12