На 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, може да се заклучи дека полза од тој историски настан имаше и фудбалот во градот, и целата некогашна Источна Германија.

До пред 30 години, фудбалот не беше спорт број 1 во ДР Германија, туку атлетиката, и спортови во кои треба само трчање и скокање.

Динамо кој беше приморан од Дрезден да се пресели во Берлин, „со сила“ стануваше првак на таа земја, затоа и немаше некои успеси во Европа. Магдебург беше единствен тим од источна Германија кој освои европски трофеј, тоа е Купот на куп победниците во 1974 година. Таа 1974 година е историска за фудбалот таму, бидејќи на Светско првенство, ја победија Западна Германија со 1:0.

Спојувањето на двете Германии, придонесе во Бундеслигата да играат и Ханза Рошток, Динамо Дрезден, Енерги Котбус, а сезонава тука се Херта и Унион Берлин. И Лајпциг е од источниот дел, но тој клуб е формиран во 2009 година, не е од времето на комунизмот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2019 11:55