Црвено-црните приредија пречек за памтење на Хрватот кој во претходните седум години „гинеше“ за европскиот првак.
Вардар покажа дека е вистински европски првак и кога се работи за тоа што се случува и надвор од теренот. Црвено-црните приредија пречек за памтење на Игор Карачиќ, Хрватот кој во претходните седум години го носеше дресот на Вардар.
Карачиќ беше еден од оние играчи кои беа од почетокот на создавањето на тимот кој подоцна два пати стигна до европскиот трон. Популарниот Кара беше миленик на публиката, а и овојпат грмеше името на Игор Карачиќ во „Јане Сандански“, кој доби дрес од Вардар на кој пишуваше „Кара фала ти за сѐ“.