Полскиот тим во Скопје допатува комплетен, а Вардар го имаше последниот напад за победа. Сакавме да победиме, имавме уште 12 секунди, но тој последен удар не заврши во мрежата. Со оглед на сите проблеми со кои се соочувавме на мечот, пред се со повреди на играчите и овој бод е одличен. Но, со оглед на тоа како игравме, колкава поддршка добивме од публиката и водството што го имавме требаше да ги освоиме двата бода.
Повредите на клучните бекови го скроија тимот. единствени бек шутери беа Павел Атман и Сташ Скубе. Иако беа на клупата поради повреди на влегоа воопшто ниту Даинис Криштопанс ниту Кристијан Дисингер. Сергеј Горбок воопшто не беше во состав. Во таква ситуација повторно го гледавме Иван Чупиќ на бек на десната страна, а откако Павале Атман доби силен удар и мораше принудно да излезе од игра ја имавме најниската бековска тројка во игра: Дибиров - Скубе - Чупиќ.
Вардар тргна со игра „7 на 6" во нападот во обид да го изненади ривалот и ова даваше резултат на стартот од средбата, а Вардар после неполни девет минуги имаше резултат од 7-3 што беше одлично за почетокот на овој дуел. На ова Келце одговори со погодоци преку Јуркиевич и Карачиќ и со одбрана на Волф, за веднаш потоа да следува „решетање" од сите страни, па Чупиќ, Калараш и Атман обезбедија 10-5 на средина од првото полувреме.
Следуваше период на криза што Кјелце го искористи и намали и на полувреме имавме предност од 17-16. Стартот на второто полувреме беше на нивото од поголемиот дел од средбата. За четири минути Вардар дојде до плус четири и водеше со 20-16, а потоа следуваа одново неколку напади во кои не одеше најдобро. „Црвено-црните" имаа проблеми и одново имаше ситуации во кои чекаа прекршок, а судиите не реагираа. Тоа овозможи Келце со контри само да ја смести топката во празниот гол.
Во инфаркт завршницата Калифа Гедбан одбрани важни топки и ние се вративме во игра и поведовме. Имавме шанса на 28-28 да постигнеме гол, но ние згрешивме а потоа и Гедбан одбрани. Последните секунди беа наши, но не реализиравме.
Ова резултираше со негатива за Вардар. Иако Гедбан успеа да запре неколку топки, Вардар на средина од второто полувреме имаше негатива од 22-25 и ова беше резултат кој покажуваше криза кај „вардарци".
„Им честитам на двата тима за прикажаното бидејќи беше одличен натпревар. Особенбо за тимот на Вардар бидејќи одиграа важен натпревар пред своја публика, а им недостигаа голем број играчи. Чувствувам дека ние загубивме бод бидејќи од мој аспект Вардар освои бод. Игравме против екипа која играше со крила на бек, но голманот н Вардар имаше одлична поддршка од голманот кој имаше 6-7 одбрани само во вториот дел", рече тренерот на Кјелце, Талант Душебаев.
„Ја прекинавме традицијата на Вардар која ја држеше неколку години тука против Кјелце. Вардар не изненади со 7 на 6 со три многу паметни, ниски и брзи играчи. На крајот се виде дека Вардар дојде до заслужен бод. Ова беше посебен натпревар за мене и уживав. Ова е едно ново искуство во животот. Им благодарам на сите и на оваа прекрасна публика. Секако и на играчите на Вардар бидејќи сите ми овозможија прекрасен пречек, изјави Игор Карачиќ, играчот на Кјелце.