Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Домот на Армијата во Скопје ќе ја отвори Меѓународната научна конференција „MILCON 19“, посветена на современото образование засновано на напредно учење на далечина.

Целта на конференцијата е споделување на искуства и добри практики во користењето на напредни техники за учење на далечина во разни научни области.

Учесниците ќе можат да ги споделат своите истражувачки резултати и заклучоци произлезени од примената на учењето на далечина во рамки на современиот образовен систем.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2019 11:14