Сојузот на спортови на Скопје денеска ги додели наградите на професори по физичко воспитување, спортисти и спортски работници кои постигнаа забележителни резултати во 2019 година.
Добитници на наградите кои традиционално се доделуваат по повод 13 ноември, Денот на ослободување на Скопје се:
Категорија – професори по физичко воспитување: Седат Бафтија од ОУ „Лирија“ Венцислав Рангелов од гимназијата „Никола Карев“.
Категорија -спортисти: Евгениј Поп Ацев (маратонско пливање) Симона Заборска (карате).
Категорија – тренер: Билјана Црвенковска (ракомет Вардар).
Категорија – екипа: РК Вардар (мажи).
Категорија спортски работник: Иван Михајловски (триатлон) Живко Тасевски (карате).
Категорија – општественик: Висар Ганиу (градоначалник на општина Чаир).
Категорија – спортски работници за животно дело: Александар Домлевски (кошарка) Андреја Јовановски (стрелаштво) Ѓорѓи Ајановски – Џоџо (бокс) Димче Јосифовски (Коњички спорт) Иван Лесевски (скијачки спорт).