Ракометарите на Вардар, славеа победа над украински Мотор Запорожје со 44:37 во многу ефикасен натпревар од регионалната СЕХА лига.

Со оваа победа, Вардар изби на чело на табелата во групата А, со три бода предност во однос на Мотор. Вардаци во Запорожје загубија минимално со еден гол разлика, па сега со поубедливиот триумф се најдоа во одлична позиција да се зацементираат на прво место.

Двата тима сочуваа дел од своите главни адути, шанса добија и некои ракометари кои не играат премногу во Лигата на шампионите. Тимур Дибиров со 11 гола беше најдобар стрелец на средбата, а Иван Чупиќ имаше девет гола од девет шута.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2019 10:33