Експерти за дигитална трансформација, маркетинг и комуникации на денешното осмо издание на Конференцијата за дигитални комуникации AllWeb во Скопје споделуваат свои знаења и искуства за иднината на дигиталните комуникации.

Како ќе изгледаат дигиталните комуникации утре, какви трансформации треба да направат компаниите за да фатат чекор со технологијата и новите навики на нивните корисници, потребни ли се промени за да опстанат брендовите, се само дел од прашањата на кои говорниците се обидуваат да најдат одговори на конференцијата.

Дел од говорниците на сцената се Даниеле Фиандака- ко-сопственик во Утопија, Алекс Баркер- од Be More Pirate, Маја Јованчевиќ- SEO експерт и тим лидер во Gaming Innovation и други.

На конференцијата учествуваат околу 300 претставници на високите одлучувачки структури во различни компании во земјата, маркетинг и професионалци за односи со јавноста и претприемачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2019 13:49