Тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушоски пред мечот со Савехоф во ракометната Лига на шампиони изјави дека швеѓаните се незгоден противник, но верува во победа на битолскиот тим.

Алушоски смета дека тимот долго време се мачи со повреди но и дека „на маката се познаваат јунаците“.

– Савехоф ни е еден од должниците оваа сезона во Лигата на шампионите. Да бевме комплетни ќе бевме големи фаворити, но ние подолг период мака мачиме со повредени ракометари. Не можеме да реализираме добар тренажен процес и подготовка за дуелите после Веспрем. Имаме негативна серија, но спремни сме за Савехоф. Добро го анализиравме ривалот, верувам дека дел од повредените ракометари ќе ни помогнат да ја извојуваме втората победа во Лигата на шампионите. Савехоф е незгоден противник, доаѓа од ракометна земја, млада екипа е што сака многу да трча. Иако сме кратки во ростерот, на маката се познаваат јунаците и верувам во втора победа во Лигата на шампионите, изјави тренерот на битолскиот тим.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2019 00:21