Ракометарите на Металург доживеаја пораз во Словенија од Горење Велење со 24-19 (10-11) во првиот натпревар од третото коло на ЕХФ Купот.

Иако одиграа добро прво полувреме и заминаа на пауза со гол предност, екипата на Кастратовиќ не издржа на притисокот во вториот дел. Во првите 16 минути металурзите постигнаа само два гола, со што му дадоа на противникот можност комплетно да го сврти резултатот.

Серафимов со 4 беше најефикасен во редовите на Металург, додека кај Горење, Кавчиќ реализираше 7.

На Металург во реваншот, кој се игра следниот викенд во Скопје, ќе му биде потребна победа од најмалку пет голови разлика за пласман во групната фаза на второто по квалитет ракометно натпреварување.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2019 11:18