Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на емисијата Детектор спроведе телефонска анкета во периодот од 25 до 29 октомври на репрезентативен примерок од 1101 испитаници.

Според резултатите од анкетата 64,1% од граѓаните не ги скенираат фискалните сметки, додека апликацијата за поврат на ДДВ ја користат само 35,2% од анкетираните граѓани.

Причина за тоа е веројатно малата сума која граѓаните ја очекуваат како поврат.

Според анкетата, најголемиот дел од анкетираните граѓани очекуваат прилив од околу 500 денари месечно. Вкупно некаде околу 14% од анкетираните очекуваат прилив меѓу 300 и 600 денари месечно. 1% очекуваат околу 1000 денари секој месец, додека 0.2% очекуваат дури 3.000 денари месечно.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 02:53