По барање на фармерите продолжен е рокот за аплицирање за субвенции за произведено и предадено млеко за периодот мај – септември 2019 година, како и рокот за барање субвенции за несилките заклани во регистрирани кланични капацитети од мај до септември годинава.

Според директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, новиот рок за доставување на барањата е 22 ноември 2019.

– Од денеска може да се поднесуваат и барањата за дополнителни директни плаќања за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во 2019 година. Рокот за поднесување на барањата за предадено јагне во кланичен капацитет е до 15 декември, информира Бабовски.

Сите фармери кои ги исполнуваат условите за добивање финансиска поддршка, можат да ги поднесат барањата електронски. За да се аплицира, потребно е да се најават на веб-страницата на Агенцијата.

– Сите фармери, кои имаат проблем сами да креираат/поднесат електонско барање, може да побараат помош во подрачните единици на Mинистерството за земјоделство, информира Платежната агенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2019 12:39