Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 25.435 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,4 отсто во однс на септември лани.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање за 8,8 отсто, административни и помошни услужни дејности за 7,9 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 7,3 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување за пет отсто, образование три отсто и преработувачка индустрија за 1,9 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 37.797 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2019 14:43