Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и српската Управа за аграрни плаќања ќе потпишат меморандум за соработка за взаемна помош за развој на институционалната структура, како и размена на знаењата и вештините на вработените за користење средства од националните буџети и европските фондови.

Тоа го договориле денеска на средба директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и неговиот заменик Авдул Селам Селами со директорката на Управата за аграрни плаќања на Србија Билјана Петровиќ.

Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ова е прва официјална работна средба на директорите на платежните агенции на Македонија и Србија, а е по насока на исполнување на заложните на „DG Agri“ ( Генерален директорат на европската комисија за земјоделство и руеален развој). Целта е вработените од АФПЗРР, вработените од Платежна агенција на Србија да им дадат вештини и знаење за поголема апсорпција и забрзана обработка на апликациите за ИПАРД.

Директорот Бабовски истакнал дека чест и задоволство е како неформален лидер во регионот за искористеност на средствата од ИПАРД 2 програмата да се споделат искуства и знаење.

– Република Северна Македонија како земја која веќе долго време ја реализира ИПАРД Програмата, преку последните повици покажа дека има капацитет за успешна имплементација, но, и дека има желба да го дисиминира своето искуство и знаење на земјите од регионот кои се на почетокот на патот од евроинтегративниот процес. Доказ дека сме на добар пат се и склучените договори за ИПАРД. До денеска по сите мерки и повици, склучени се 1.181 договор со вкупно побарана сума 29,2 милиони евра, од нив целосно реализираани се 776 договори со вкупна сума од 11,5 милиони евра, истакна Бабовски.

Директорката на Управата за аграрни плаќања Петровиќ посочила дека од огромно значење е искуството што нивната Агенција ќе го добие од АФПЗРР.

– Меѓусебното јакнење на Платежните агенции е од клучно значење за нас и нашата држава. Република Северна Македонија од страна на „DG Agri“ ни беше посочена како добар пример од кого може многу да се научи. Со помош на искуството од колегите од АФПЗРР, ќе имаме можност да ја намалиме бирократскта процедура која ја имаме во моментот, да ги скратиме роковите за обработка на поднесените барања за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД програмата а со тоа и побрза исплата на средствата кон апликантите и развој на нашиот агро сектор. “ – исткана Петровиќ.

Заменик-директорот на АФПЗРР Авдул Селам Селами на средбата истакнал дека преку развој на платежните агенции се развива секторот земјоделство, но и целиот регион.

Директорите, договорија наредна средба на која двете Агенции, треба да потпишат и Меморандум за соработка, преку кои ќе обезбедат тесна соработка и взаемна помош за развој на институционалната структура, како и знаењата и вештините на самите вработени за користење на средствата како од националниот така и од ЕУ Буџетот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 14:07