Бројот на превезените патници во градскиот превоз во третиот квартал годинава во однос на тој квартал лани бележи зголемување за 5,7 отсто, во приградскиот превоз за 6,5 отсто, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 26,5 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 12,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на второто тримесечје од 2019 година, вкупниот број превезени патници е намален за 13,4 отсто. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 14,7 отсто, во приградскиот превоз за 13,3 отсто, во меѓуградскиот превоз за 9,1 отсто, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 28,7 отсто.

Објавените податоци покажуват во третото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е намален за 5,9 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 4,9 отсто, во приградскиот за 8,1 отсто, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 25,2 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 1,7 отсто.

Во однос на второто тримесечје од 2019 година, вкупниот број на патничките километри е зголемен за 0,3 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 14,2 отсто, во приградскиот превоз за 13,2 отсто, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 4,9 отсто, а во меѓународниот зголемувањето изнесува 22 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2019 15:51